ВМРО-ДПМНЕ го прекинува бојкотот во Собрание за да присуствува на обраќањето на Столтенберг
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во четврток во собраниските клупи за да го слушнат обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, потврдуваат од партијата.
Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека остануваат со политиката ориентитени кон ЕУ и НАТО. И потврдуваат дека пратениците од најголемата опозициска партија во државата ќе присуствуваат на обраќањето на генералниот секретар на НАТО. Сеуште нема информација дали ВМРО – ДПМНЕ понатаму ќе се врати во Законодавниот дом.