
Несреќата лесно можела да се претвори во трагедија…
Еден руски војник, готвејќи ручек на теренот на Крим, овие денови уништил оклопен транспортер “BTR” вреден половина милиони долари.
Семен Мережњиков се обидел да го подгрее ручекот додека неговата единица престојувала на теренот на Крим, но пламенот го зафатил оклопниот транспортер и целосно го уништил, пренесува “Headline News”.
Несреќата можела да се претвори во трагедија, бидејќи на снимката се гледа војникот како се обидува да објасни што се случило, истовремено обидувајќи се да го изгасне пламенот кој го зафатил неговиот тенк.
Во обид да му објасни на офицерот што се случило, Мережњијов рекол дека ископал дупка за да запали оган, но дека огнот го зафатил и оклопниот транспортер. Возилото било покриено со маскирна мрежа и сува трева, поради што пожарот се проширил полесно.
Несреќниот војник со одлка на воениот суд бил казнет на шест месеци престој во казнен логор.



