Изгледа како обично село, но крие страшна тајна: На тамошните жители никој не сака да им биде сосед поради ужасните злосторства

 

На прв поглед, Миракл Вилиџ на Флорида изгледа како типично американско предградие идеално за одмор од градскиот метеж, но Миракл Вилиџ е се, само не тоа.

Ова место крие една многу страшна тајна, а таа е поврзана со жителите, кои во главно се регистрирани сексуални престапници и педофили. 

Половина од популацијата на ова место ја сочинуваат сексуални престапници, многумина осудени поради злоставување на деца и малолетници. Откако отслужиле затворски казни, биле принудени до крајот на животот да живеат под надзор и далеку од другите луѓе.

Најмалку 800 метри од училиштето

Од училиштето, градинката и црквите мора да бидат оддалечени најмалку 800 метри, а не смеат да бидат ни блиску до автобуските станици. Пред куќата каде живеат мора да постават голем црвен натпис на кој покрај нивното име стои и предупредувањето – “осуден сексуален предатор”.

Миракл Вилиџ го основал Пат Пауерс, кој и самиот минал 12 години во затвор поради секс со студентки на кои им бил спортски тренер.

Крис Досон, еден од жителите, вели дека девојката го лажела дека е полнолетна и затоа завршил во затвор.

“Ме осудија бидејќи на 18 години имав секс со мојата девојка, која тогаш имаше 14. Ме лажеше за своите години и ми покажа лажна лична карта. Сите мои пријатели исто така веруваат дека има 18 години”.

Крис сега има девојка која ја запознал во црква и која знае дека отслужил казна поради секс со малолетничка.

“Можам да имам деца, но не можам да им организирам роденденски забави со други деца. Уште поголем проблем е тоа како да им кажам дека нивниот татко е сексуален престапник”, вели Крис.

Треба да знаете
Последни објави