ЕКСКЛУЗИВНО: АМС се закани на Автомобилистичката федерација дека ќе и го одземе решението за вршење дејност спорт
Со свој допис до иницијаторите за одржување вонредно Собрание на Автомобилистичката федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт се закани дека ќе и го одземе решението за вршење дејност спорт.
АМС ги посочува бројните неправилности во работата на оваа организација последните месеци и ги повикува сите активни чинители да застанат заедно, да ги прифатат насоките и да работат заеднички за доброто на овој мошне популарен спорт во земјава.