Силен ветер носи се пред себе, најмалку седум загинати низ Европа
Најмалку седум лица загинаа во силното невреме кое ги зафати Холандија, Белгија и Германија и други европски земји. Најмалку три лица го загубија животот во Германија, каде ветерот корнеше дрвја и туркаше камиони надвор од патот.
Поради налетот на ветерот и до 140 километри на час, откажани се стотина летови. Во Брисел загина жена, откако дрво ѝ паднало на автомобилот, а во Белгија повредени се неколку лица.
Во источно холандската провинција Овересеј загина маж на возраст од 62 години, кога го удрила по лицето гранка од дрво, а друг 62-годишен маж загинал кога во источниот град Еншедеу, дрво му паднало врз автомобилот.
Во централниот град Вурен загина 66-годишен човек кога паднал од неколку метри висина, а полицијата ја истражува причината за падот.
Силните ветрови, обилните врнежи и мразот предизвикаа прекин во електричната енергија во Грција, Велика Британија, Германија, Холандија, Белгија, Романија и други делови на ЕВропа. Поради невремето има и откажувања или доцнења во железничкиот, авио и водениот сообраќај.
Извор: Макфакс