Руската полиција при пребарување куќа во подрумот нашла – крокодил
Руската полиција имала неочекувана средба додека пребарувала куќа во Санкт Петербург – нашла крокодил во подрумот.
Информативниот портал Фонтанка пренесе дека инцидентот се случил во четвртокот, додека детективите барале непријавено оружје во куќата на еден човек што вршел реконструкција на историски воени битки со историски униформи и античко оружје.
Кога се симнале во бетонскиот подрум, виделе дека во мал базен со вода одмора крокодил. Сопственикот на куќата објаснил дека го добил крокодилот пред неколку години.
Градските обвинители во петокот рекоа дека проверуваат дали човекот ги почитувал локалните закони.