За кого! ЗА МАКЕДОНИЈА ! вечерва во 20:30 часот, Македонија – Шпанија
Ракометната федерација на Македонија упати уште еден повик до сите љубители на ракометот. Од РФМ порачаа дека повторно, со сите сили, ладни глави, спортски, фер, достоинствено и гордо ќе ги браниме боите на националниот дрес!”
Како што наближува почеткокот на средбата меѓу Македонија и Шпанија така Вараждин почнува да се бои во црвено-жолто. Има голем број на навивачи коишто пристигаат во местото каде Македонија имаше одлични резултати во 2009 година и сите се надеваат дека и овој пат ќе има потврда на добрите резултати и сега.
Македонија ќе има голема поддршка, а бројката на навивачите се очекува да биде над 1000. Ова ќе биде значајно за момците коишто ќе имаат голема битка против „фуријата“.
За разлика од средбите во Загреб каде што имаше поголем капацитет во салата овде има можност за помал број на навивачи. Сепак, Фалангата е подготвена за да го освои Вараждин, па од денеска до среда, Вараждин е македонски град.