Борко: Шпанија не спушти на земја, игравме колку што ни дозволија
Македонија денес беше декласирана од селекцијата на Шпанија.
Шпанците славеа над нашите момци со убедливи 11 голови разлика, а голманот Борко Ристовски кој бранеше во првото полувреме го смета овој пораз за лекција, посебно за младите ракометари на кој Раул им даде шанса на оваа средба.
„Денес Шпанија одигра фантастична одбрана, овој натпревар можеби доаѓа во вистинско време да не спушти на земја и да не врати во реалноста. Оваа средба можеме да ја сметаме за одлична лекција, посебно за младите ракометари Одигравме колку што тие ни дозволија, Шпанија е Шпанија и знаеше како да ги искористи грешките кои ги правевме“, изјави Ристовски.
Македонија следниот натпревар го игра во вторник, а протовник ќе ни биде селекцијата на Чешка.