„Амазон“ отвори прв супермаркет без каси
Американскиот технолошки гигант „Амазон“ во Сиетл отвори прв супермаркет без каси.
Продавницата „Амазон гоу“ користи камери на плафонот и електронски сензори за идентификација на секој купувач и следење на производите што се ставаат во кошничката.
Купувањето на крајот се извршува кога купувачот излегува од супермаркетот и парите се наплатуваат од неговата кредитна картичка. Овој систем во претходната година го тестираа вработени во компанијата.
Пред да влезат во продавницата, купувачите мора да ја активираат апликацијата „Амазон гоу“ за паметни телефони. Сензорите на полиците следат кои производи ги земаат купувачите, а кои евентуално ги враќаат.
Еден вработен изјави дека системот на почетокот имал проблеми со препознавање на купувачите со слична градба и со деца кои ги поместуваат производите на погрешни места на полиците.
„Амазон“ не соопшти дали ќе отвори уште вакви продавници.
https://www.youtube.com/watch?v=NrmMk1Myrxc&t=22s