Кинезите изградија железничка станица за само 9 часа!

Кинезите изградија железничка станица за само 9 часа!

Новата железничка станица ја разубави провинцијата Фујиан во јужниот дел од Кина. Ништо тука нема необично, ако станицата не никна буквално преку ноќ.

Имено, 1.500 кинески работници за само 9 часа ги намести шините и ја пушти пругата во употреба. Со работа почнаа на 19. јануари попладне, а следното утро се беше готово.

Работниците поврзаа 3 големи железници Ганлонг, Генруилонг и Џанглонг со новата Нанлонг. За таа работа се користени 7 возови и 23 багери.

Освен тоа, за овој краток рок работниците успеаја да постават и неопходна сигнализација и соодветна опрема за надгледување на состојбата на пругите.

 

https://www.youtube.com/watch?v=yJzPdfGz01A

 

 

Треба да знаете
Последни објави