Влада: Набргу ќе има конечна одлука за изградбата на новиот клинички центар
На денешната седница на Владата учествуваше делегација на Банката на Советот на Европа, која ги презентира опциите за активирање на изградбата на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) со вклучени експертски мислења за предвидените опции и алтернативи во однос на локацијата на УКЦ.
„На седницата беше искажана јасната определба на Владата на Република Македонија дека ова е еден од најважните приоритети оваа година и дека се очекува конечната одлука за најдобрите опции за изградба на Јавната здравствена установа Универзитетски клинички центар ‘Мајка Тереза’ да биде донесена набргу“, соопшти Владата.