ПРИВАТНАТА БОЛНИЦА САНТЕ ПЛУС ДОБИ ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ОД ДРЖАВНИОТ САНИТАРЕН И ЗДРАВСТВЕН ИНСПЕКТОРАТ

Државен санитарен и здравствен инспекторат ја забрани работата во приватната здравствена установа „Свети Лазар“ (Моја болница – Санте плус), по направениот вонреден надзор, откако минатата недела во оваа болница за време на царски рез почина родилка.

Родилката, на возраст од 31 година од Кичево, почина минатиот четврток при породување со царски рез во болницата Санте плус, при вовед во анестезија, односно при ставање на тубусот и се затвориле дишните патишта и останала без кислород. Докторите се обидувале да ја реанимираат, но безуспешно. Бебето по породувањето е пренесено на Клиниката за детски болести, бидејќи одреден период останало без кислород. На пат кон Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) пациентката починала.

„На 23.01.2018 година или вторник Државниот санитарен и здравствен инспекторат е извршен вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Свети Лазар (Моја Болница – Санте плус), во однос на почитување на законската регулатива. При надзорот констатирани се недостатоци, заради што ДСЗИ, записнички и со решение даде забрана за работа се до отстранување на констатираните недостатоци“, велат од Министерството за здравство.

Д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вели дека засега детали околу недостатоците утврдени при надзорот нема да даваат, бидејќи дел од увидот сè уште не е завршен, а во тек е и работата на мисијата формирана од Министерството за здравство, која треба да утврди од зошто дошло до смртен исход на родилката.

„Кога ќе ги имаме комплетно податоците ќе излеземе со повеќе детали“, вели д-р Сотирова Бухова.

Треба да знаете
Последни објави