Морничав момент: Плачел над мртвиот син, а потоа слушнал – „Татичко, може ли да добијам чаша вода“
Сигурно сте слушнале дека некои личности ги прогласуваат мртви, а потоа тие оживуваат. Не, тоа не се урбани легенди. Такви ситуации навистина се случуваат.
Таткото на двегодишниот Келвис Сантос доживеа вистински шок кога сфатил дека мнеговиот син сепак е жив, иако во болницата го прогласиле за мртов. Бизарниот случај се случил во 2012 година во Бразил. Тогаш двегодишниот Келвис престанал да дише во болницата, каде лежел поради тешко воспшаление на белите дробови. Лекарите го прогласиле за мртов, а семејството го превземало телото за да го подготвата за погребот.
Семејството цела ноќ останало да бдее над телото. Само еден час пред погребот, додека неговиот татко непркинето лелекал, синот изустил дека е жеден.
– Татичко, може ли да добијам чаша вода, го замолило збунетот дете на кое не му било јасно зошто сите околу него плачат и вриштат.
– Не можевме да веруваме на нашите очи. Мислевме дека се случило некое чудо и дека нашето дете е живо, но тоа беше само на момент. Повеќе не можевме да го разбудиме. Беше мртов, раскажал неутешниот татко.
Синот одма го однеле во болница но лекарите повторно им потврдиле дека детето не дава знаци за живот.
– Ме уверуваа дека е починато и ен можеа да ми го објаснат тоа што го видовме и слушнавме, рекол Антонио, таткото на двегодипното дете.
Смејството на детето одлучило за еден ден да го премести погребот со надеж дека нивното дете повторно ќе се пробуди, но желбата не им се остварила. Момчето било погребано следниот ден на локалните гробишта. Таткото е убеден дека неговото дете е жртва на немарливоста на лекарите.
– Само 15 минути откако го однесов лекарите ми рекоа дека почина, мислам дека добро не го прегледале. Умрените не можат туку така да се разбудат и да зборуваат, рекол таткото.