Дечки вие сте сообраќајна полиција или Општина? Прашање поставено од револтиран граѓанин
Револтиран граѓанин на Општина Илинден побара од нас да ја споделиме неговиот револт со јавноста,
Имено веќе оштетениот додека застанал со автомобилот да испазари откако искочил од својот автомобил после 2 минути приметил дека некој му се мотка околу колата се вратил и лицето се преставило како комунален редар на Општина Илинден истото му кажало дека е непрописно паркиран и без да помине со опомена почнал да му изготвува записник за сторен прекршок непрописно паркирање.
Истото службено лице на општината во записникот пишува дека сторителот не е затекнат на лице место а во делот кај што сторителот на прекршокот треба да се потпише навел дека одбива да потпише во прилог записникот цензуриран со цел граѓанинот да остане анонимен.