Се обидела да се самоубие зашто момчето со фотографии ја уценувало да остане со него
Маж од село Горно Палчиште вчера околу 13 часот пријавил дека неговата 19-годишна ќерка била уценувана од М.А. (19) од Порој, со кого била во љубовна врска. Поради тоа што врската не ја одобрувале родителите, извесно време таа била прекината, па потоа продолжена.
Момчето повеќе пати ја уценувал девојката дека ќе објави нивни заеднички компромитирачки фотографии доколку не биде со него. Тој барал и добил пари и златен накит. Минатата година значителен дел вратил, но продолжил да ја вознемирува и уценува.
Завчера, таа им кажала на родителите, по што испила поголема количина разновидни таблети и во безсознание била префрлена во Клиничкиот центар во Скопје, а М.А. бил повикан на разговор во полициска станица.