Маж паднал и се испокршил додека местел олуци
42-годишен маж од село Лескоец се здоби со тешки телесни повреди откако паднал од пет метри височина додека местел олуци во викенд куќа. Настанот се случил денеска околу 10.00 часот во Вевчани.
Г.Ѓ. со возило на брза помош бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. При прегледот му се констатирани Скршеници во пределот на грбот ,бутната коска, рачен зглоб,и потрес на мозок) поради што е задржан на лекување. Од полицијата велат дека извршиле увид на местото на несреќата.