Иванов: Јас сум реалист со искуство
Претседателот Ѓорге Иванов, по координативниот состанок на државно-политичкиот врв на кој се зборуваше за спорот со името и кој траеше пет часа, изјави дека не може да открие повеќе детали за што точно се зборувало, но рече дека е реалист со искуство
„Очекувам Владата да нè информира за сите активности. Овој процес продолжува да се одвива во рамки на Обединетите нации. За да нема притисоци се договоривме да не коментираме за предлогот”, рече Иванов.
Вечерва во Клубот на пратенци се одржа состанок меѓу Иванов, премиерот Зоран Заев и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, на кој се разговараше за предлозите на медијаторот Метју Нимиц и за текот на преговорите со Грција.
В понеделник и вторник Нимиц ќе биде во Атина, а в среда и четврток во Скопје. Тој ги очекува одговорите на раководставта на Македонија и Грција на неговиот пакет предлози.
На 4 февруари во Атина е најавено дека ќе се одржи уште еден протест на кој главното мото ќе биде „Македонија е Грчка”. И од овој протест, како и од оној во Солун, организаторите од власта бараат во новото име на нивниот северен сосед да го нема терминот „Македонија”.