Манјак напаѓа жени во Карпош
Две жени пријавиле вчера во полициската станица во Карпош дека биле нападнати од непознат маж.
42-годишна жена, со иницијали О.К.Л. пријавила дека непознат сторител излегол пред неа со спуштени панталони и се обидел и неа да ја соблече. О.К.Л. го истуркала од себе, по што сторителот побегнал во непознат правец. Настанот се случил на улицата „Волгоградска“.
Вториот таков случај бил пријавен во полициската станица во 13.40 часот.
24-годишната С.С. пријавила дека на истата улица во 13 часот, во влез од зграда, непознат сторител ја нападнал одзади и почнал да ја допира по градите и телото. Таа го турнала, по што тој избегал во непознат правец.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.