Момче од Македонија бара девојка за одмор на Канарски острови
На социјалната мрежа Фејсбук се појави интересен оглас во кој младо момче бара девојка за заедно да одат на Канарските острови со подмирени трошоци за пат, престој и плус 400 евра џепарлак.
Како што вели тој не очекува ништо од девојката и тоа го прави само поради инат на поранешната девојка. За себеси вели дека нема никаква маана и е пристојно момче, а за тоа можете дури и да се распрашате. Предност е доколку девојката е бринета и е од Битола или Прилеп, а единствен услов е таа да не е „ВМРОВКА“, бидејки како што вели не сака да слуша патриотски муабети на одмор.
Останува да видиме дали ќе најде совршена партнерка за на одмор.