Страшна сообраќајка утрово во Аеродром, загина мотоциклист
Во страшна сообраќајка која утрово околу 7.00 часот се случи во скопската населба Ново Лисиче загина мотоциклист, објавуваат граѓани на Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам.
Телото на загинатиот мотоциклист се уште стои на улицата додека трае увидот на полициските екипи.
Несреќата се случила на крстосницата од булеварите „АВНОЈ“ и „Србија“.
Од МВР потврдуваат дека е случена сообраќајна несреќа, но повеќе информации ќе соопштат по завршување на полицискиот увид.