Драма во Битола: Разбојник нападнал вработена во маркет со пиштол, пукал кон полиција

Драма во Битола: Разбојник нападнал вработена во маркет со пиштол, пукал кон полиција

На 10.04.2018 година околу 21,00 часот во Битола во маркет на улица „Питу Гули“ непознато лице со закана со пиштол извршилo разбојништво над вработената И.C.(21) при што одзелo 23.650 денари и три мобилни телефони, по што го напуштилo местото на настанот.

Во врска со настанот по добиени сознанија дека можен сторител е Д.J.(32) од Скопје, кој привремено престојува во Битола, по добиена наредба од Судија на претходна постапка, упатени се полициски службеници во куќата каде Д.Ј. престојувал. Откако ги забележал полициските службеници, Д.Ј. неколку пати со пиштол испукал кон нив.

За кратко време по првото пукање, Д.Ј. испукал уште неколку пати од помошната просторија во дворот на куќата, по што полициските службеници возвратиле. Полициските службеници неколку пати му наредиле да престане со пукањето и да се предаде, но Д.Ј. возвраќал со истрели од огнено оружје.

Потоа полициските службеници употребиле шок бомба, по што Д.Ј. излегол на излезот од просторијата и со пиштол почнал да пука кон полициските службеници, кои возвратиле. Со возило на Итна медицинска помош Д.Ј. е пренесен во Клиничка болница Битола.

На местото на настанот излегол Јавен обвинител од ОЈО Битола кој извршил увид и по негови насоки се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави