Алкохолот е штетен за срцето, но има и свои добри страни

Можеби е потребно помала количина на алкохол отколку што мислите за да се оштети срцето и да се скрати животниот век. Но, новото истражување тврди дека алкохолот не е секогаш лоша опција.

 

Во новото истражување беа употребени постоечки податоци од преку 600.000 луѓе од 19 земји, кои беа поделени во групи кои беа одредени според нивните навики на пиење.

Откако беа одредени групите, научниците ги додадоа факторите како возраст, образование и навики на пушење цигари, па потоа направија низа тестирања за да одредат кој од нив има најголем ризик од срцеви заболувања, инфаркт и фатална аневризма. Според тоа беше пресметан очекуваниот животен век на секоја од групите.

Резултатот беше очекуван, иако научниците беа изненадени од некои од податоците. Беше утврдено дека оние луѓе кои се наоѓаа во групата која конзумира најмногу алкохол имаат во просек околу 2 години помал просечен очекуван животен век, додека оние кои беа сметани за алкохоличари беше откриено дека имаат сериозни проблеми со срцето.

Но, она што беше изненадувачко беше податокот дека оние луѓе кои претходно пиеле повеќе а сега ја намалуваат дневната количина на алкохол забележиле подобрување на срцевото здравје.

Една од најнеочекуваните работи кои беа откриени во ова истражување е тоа дека е подобро да се пие малку алкохол отколку воопшто да не се пие. Оние луѓе кои пијат алкохол повремено имаа подобра циркулација, поздраво срце и помал ризик од срцеви болести.

Треба да знаете
Последни објави