Оваа валута е најголем губитник, на најниско ниво од 2015

Американскиот долар падна на двонеделен минимум во однос на кошницата валути.

Стравувањата од трговска војна опаднаа, но неизвесноста околу можната западна војна акција на Сирија кај некои инвеститори создаде аверзија кон ризикот.

Доларскиот индекс, кој го следи движењето на „зелената банкнота“ во однос на шесте главни валути, опадна за 0,1 проценти на 89,516 поени.

Според јапонската валута, доларот ослаби за околу 0,3 проценти и се тргуваше на 106,750 јени.

Швајцарскиот франк беше најголем губитник меѓу валутите на земјите од Групата 10, спуштајќи се за 0,3 проценти во однос на еврото, на 1,1823 што е најниското ниво од 2015 година.

Еврото зајакна за 0,2 проценти на 1,2383 долари, достигнувајќи го најсилното ниво од 28 март.

Рубљата опадна за повеќе од 1,0 проценти во однос на доларот, а во текот на оваа недела вкупно загуби речиси 12 проценти од вредноста, откако пазарите реагираа на најновите санкции на САД кон Русија.

Треба да знаете
Последни објави