Пенелопе Круз во фантастично издание на Versace на улиците во Мадрид

Пенелопе Круз во фантастично издание на Versace на улиците во Мадрид

Ретко се појавува во јавноста, но кога тоа ќе го направи засенува апсолутно се!

Познатата шпанска актерка одамна го освои Холивуд, и гламурозните „red carpet“ настани.

Пенелопе Круз деновиве вниманието го привлече со all black комбинација со многу интресни финеси во изгледот.

 

Највпечатливиот детаљ беше на маичката, во прашање е извезен симбол со крст, кој покрај интересните комбинации на бои се истакнуваше и со ситни стаклени детали во зелена и црвена боја, налик на драгоцен камен.

 

Овој ефектен дизајн го потпишува Версаче, што не изненадува со оглед на тоа дека последната улога на Пенелопе е тесно поврзана со познатото модно презиме.

Со оглед дека во серијата „Assassination of Gianni Versace“ го толкува ликот на Донатела, не би не изненадило токму дизајнерката лично да и ја предложила оваа сјајна комбинација, која се истакнува со уште еден значаен детаљ поврзан за славната италијанска модна куќа.

 

Се работи за каишот со препознатливиот Медуза симбол кој бил популарен најмногу во текот на 90-тите. Сребрениот симбол на медузата на појасот сјајно го заокружи basic спојот на all black парчиња во вид на skinny jeans, сако и маичка, додека дополнителен доминантен тон е постигнат благодарение на кратките кожни чизмички со значајно високи потпетици.

Треба да знаете
Последни објави