ДСЗИ отвора бесплатен телефон за поплаки и неправилности
Државниот санитарен и здравствен инспекторат, при Министерството за здравство, отвори бесплатна телефон со број 080025555, на кој во текот на работното време може да се пријавуваат неправилности кои се во надлежност на Инспекторатот.
Може да се пријавуваат забелешки за санитарно-хигиенската и епидемиолошката заштита, Инспекторатот врши надзор особено над спроведувањето на мерките за појава и спречување на заразните болести во објекти кои подлежат на надзор од ДСЗИ, по евидемиолошка индикација во објектите за производство и промет на храна, надлежности во однос на безбедноста на предметите за општа употреба и тоа – детски играчки, средства за одржување на чистотат, козметички производи.
Исполнување на условите за вршење на дејност во објекти од надлежност на снитарната и здравствената инспекција, санитарно-хигиенските услови во објектите, просторот, просториите, уредите и опремата во кои се врши здравствена дејност и дејности во областа на образованието, културта, социјалната заштита, спортот и рекреацијата, јавниот превоз, угостителството, туризмот, трговијата и другите стопански гранки.
Инспекторатот врши надзор особено над остварувањето на правата од здравствената заштита, остварувањето на правата од здравственото осигурување, вршењето на здравствена дејност согласно со одобрение од МЗ, почитување на работното време во здравствените установи, водењето на евиденциите во областа на здравството, примената на прописите од областа на здравството (ментално здравје, биомедицинско потпомогнато оплодување, прекин на бременост и др.) од областа на правата на пациентите, начинот на постапување со медицинскиот отпад во здравствените установи, примената на одредбите од областа на заштитата од пушењето и др.
– Со воведувањето на отворениот телефон ДСЗИ е на располагање за пријавување на било какви неправилности во рамките на неговите надлежности, а на кои сте наишле како проблем во остварувањето на вашите права согласно прописите од областа на здравството – велат од Инспекторатот.