Избоден тетовец при жестока расправија, заврши на клиника
Вчера околу 23,00 часот било пријавено дека во Тетово на улицата “Штипска“ настанала расправија помеѓу Г.М.(37) и М. Е. (36) при што М.Е. со остар предмет на Г.М. му нанел убодна рана во пределот на десната слабина и го напуштил местото на настанот.
На Г.М. во Медицинскиот центар во Тетово му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредата со возило на Итна медицинска помош бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Секторот за внатрешни работи Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.