Осуденик пуштен на отсуство од Идризово „оперирал“ кај Холидеj Ин

Осуденик пуштен на отсуство од Идризово „оперирал“ кај Холидеj Ин

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.Р. (32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба на дрзок начин“.
 
На 07. овој месец околу 10.00 часот на ул. „29“, во близина на паркинг просторот пред хотелот Холидеј Ин, Ф.Р. се приближил од позади грб до повозрасна жена и со употреба на сила и го одзел паричникот кој го држела во рака, по што побегнал од местото. Со помош на двајца граѓани, сведоци на настанот, Ф.Р. бил лоциран, лишен од слобода и приведен во Полициската станица Центар.
 
Со него истиот ден бил извршен разговор и било констатирано дека тој е осуденик во казнено-поправната установа „Идризово“, кој бил пуштен на тридневно отсуство.
 
Со наредба од Јавен обвинител, Ф.Р. бил вратен во казнено- поправната установа „Идризово“.
Треба да знаете
Последни објави