Двата најголеми клубови во Шпанија и во Германија, Реал Мадрид и Баерн Минхен, ќе се судрат во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако денешната ждрепката во Нион сакаше овие два европски великани да ги спои во полуфиналето.
Во второто полуфинале ќе се соочат двете големи изненадувања сезонава, екипите на Ливерпул и Рома, што значи дека една сензација во ЛШ ќе игра во финалето во Киев на 26-ти мај.
Првите средби од полуфиналето ќе се играат на 24-ти и 25-ти април, а реваншите се на програма на 1-ви и 2-ри мај.
Финалето ќе се игра на 26-ти мај на „Олимпискиот стадион“ во Киев.
ПОЛУФИНАЛЕ:
Баерн Минхен – Реал Мадрид
Ливерпул – Рома
ФИНАЛЕ:
Баерн Минхен/Реал Мадрид – Ливерпул/Рома