Кан до Буфон: Ако не одиш на време во пензија, тоа може да стане болно

Легендарниот германски голман Оливер Кан, изјави дека чуварот на мрежата на Јуве, Џанлуиџи Буфон, требало порано да се збогува од играњето на фудбал, за да не ги доживее актуелните неуспеси со репрезентацијата и клубот.

 

Кан смета дека одлуката за повлекување не е лесна да се донесе, а кога станува збор за Буфон знаеме дека тоа е најмногу поради сонот да ја освои титулата од Лигата на шампионите со својот Јувентус.

„Не е лесно да се донесе одлука за крај на кариерата. Ако тој порано заминеше во пензија, ќе се спасеше од елиминацијата од Шведска во квалификациите за Светското првенство, како и од големата тага против Реал Мадрид. Него го водеше сонот за освојување на ЛШ“, изјави Буфон.

„Јс можев да играм уште две-три години, но зошто би го направил тоа? Лам исто така донесе вистинска одлука, ако тоа не го направиш на време, работите можат да станат болни. Буфон беше првак на светот, најдобар голман на светот и тоа се важни работи, а не црвениот против Реал“, изјави легендарниот голман.

Кан својата кариера ја заврши во 2008 година после 14 години поминати во Баерн, а покрај Буфон, секако дека и тој е во конкуренција за еден од најдобрите голмани на сите времиња.

До крајот на оваа сезона Буфон ќе се обидe да ги освои Скудето и Купот на Италија, а што ќе се случува потоа, се уште не е познато.

Треба да знаете
Последни објави