Се слушаа „бомби“ во кои Канческа Милеска ветува тендер на „Бетон Штип“
Пукнаа бомбите за случајот „Тендери“ во судница, каде обвинета е екс министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Беа пуштени пет телефонски разговори од нив, четири се направени во 2011 година и во нив најчесто разговараат поранешната министерка за култура Канческа Милевска и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а петтиот разговор е од 2013 меѓу Канческа Милевска и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Во еден од разговорите Канчевска Милевска му го ветува тендерот на директорот на „Бетон-Штип“, додека во друг се жали од него.
Токму овој разговор за одбраната е најголем доказ дека обвинителите немаат докази дека Канчевска Милевска му го наместила тендерот на „Бетон-Штип“. Порачаа дека покрај таква нетрпеливост, невозможно е да работела во корист на Илија Бреслиски.
„Сами ги слушавте телефонските разговори и пресудете дали имаат блага врска со конкретниот кривичен настан. се збори заанекс на договор кои е потпишан во мај 2011 и се однесува за карабината на објектот што го градела истата фирма што ги изведувала и завршно занаетчиските работи. Така да тој разговор нема никаква врска.“ – изјави Дуковски.
Во спротивно би требало Канческа Милевска да оди на психијатар како поделена личност, бидејќи во одреден момент го мрази, а од друга страна го фаворизира, истакна адвокатот Сашко Дуковски. За одбраната спорно и дека во еден од разговорите недостигал дел, кој го имало во транскриптите, но не и тонските разговори, и тоа како што велат токму каде што Бреслиски и упатува пцовка на екс министерката.
„Премногу се инстистираше да не се даде разговорот до крај и да не се слушне. Ако веќе ги другите разговори ги слушнавме за овој предмет, требаше да го слушнеме и ова за да целата јавност знае што и каде и како е работено. “ – изјави Еленко Миланов.
Обвинителот Стефче Донев се правдаше дека вештите лица таква им ја дале снимката да биде презентирана, по вештачењето. Во случајот „Тендери“, екс министерката за култура е обвинета за фаворизирање на компанија „Бетон-Штип“, за што министерството тогаш исплатило над 54 милиони денари.