Маж со пиштол во рака лежел во парк во Штип, задржан на Психијатрија
Маж кој лежи на тревната површина од паркот Суитлак на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ и во рацете држи пиштол, бил пријавен вчера попладне.
-Лицето со возило на Брза помош е пренесено во Клиничка болница-Штип, каде што од страна на дежурен лекар е константирано изместување на лактот на раката, а по санирање на повредата ќе биде задржан на психијатриското одделение при Клиничка болница Штип, информираат од полицијата.
Од страна на полициски службеници во СВР-Штип константирано е дека станува збор за Р.П.(43) од Штип.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.