Двајца турски државјани нападнати кај Гимназијата „Ј.Б.Тито“, завршиле на Ургентен
Вчера во 19,07 часот во Единицата за информирање и команда Скопје, пријавено е дека во Ургентен центар Скопје донесени биле турските државјани Е.И. (24) и С.Ј. (26) со привремен престој во Скопје, кои според нивно кажување биле физички нападнати од страна на неколку непознати лица во близина на Гимназијата „Ј.Б.Тито“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.