Заев на мотор од Струмица пристигна на именден во Крушево
Македонскиот премиер Зоран Заев, по подолго време е забележан како го користи слободното време со неговата голема пасија, моторите и со поголема група на моторџии бил во приватна посета на Крушево, на гости кај градоначалникот Томе Христоски кој го прославувал својот именден.
Инаку, Заев заедно со групата на моторџии направиле и обиколка на Крушево, како и на гробот на македонската музичка легенда Тоше Проески. Сликата веќе стана многу популарна на социјалните мрежи.