Жителите на Ѓорче протестираат, увид не е дозволен да се изврши од страна на МВР
Жителите на Ѓорче Петров, со своите автомобили ја блокираа улицата „Борис Серафов“.
Тие се собраа во знак на протест, по сообраќајната несреќа што се случи вечерва, а во која со автомобил беше прегазено 10-годишно момче, кое според раскажувањата на очевидците, ја минувало улицата на обележан пешачки премин.
Увидната полиција си замина од улицата „Борис Серафов“ каде вечерва 10-годишно дете беше прегазено во сообраќајна несреќа.
Полицијата образложи дека нема услови за работа поради граѓаните кои демонстративно се собраа, бидејќи не е прв пат на оваа улица да се случуваат вакви несреќи.
Полицијата по увидот на местото, се упати кон Ургентниот центар каде е сместено момчето.