Позната состојбата на прегазеното дете од Ѓорче Петров

Позната состојбата на прегазеното дете од Ѓорче Петров

Детето што вечерва беше повредено во сообраќајка на улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров е во стабилна здравствена состојба, но има скршеница на черепот и тежок потрес на мозокот, информира за МИА дежурниот лекар на Клиниката за неврохирургија д-р Александар Чапаревски.

Според Чапаревски, детето ќе биде задржано на опсервација.

Незгодата се случи откако возило „опел астра“ удри во детето, а набрзо потоа жителите од „Борис Сарафов“ го блокираа сообраќајот во знак на револт поради брзото возење и непочитувањето на сообраќајните знаци.

Треба да знаете
Последни објави