Утре во Солун нова средба Димитров – Коѕиас
Нова средба Димитров – Коѕиас во Солун. Двајцата министри утре и в петок ќе учествуваат на квадрилатералниот форум на кој ќе бидат и нивните колеги од Бугарија и од Албанија.
По последната средба Димитров – Коѕиас во Виена, медијаторот Метју Нимиц, рече дека двете страни остануваат посветени на решавање на проблемот, без да презентира детали од разговорите.
Грчките медиуми пренесоа дека остануваат „тешките прашања“ односно опсегот на употреба на името што ќе се договори и барањето на Атина за промена на македонскиот устав. Премиерот Зоран Заев рече дека процесот мора да се води внимателно, но и да се покаже креативност во изнаоѓање на решенијата. Тој рече дека е можно решение за името при отворањето на Уставот за влез во ЕУ.