Почнаа уписите на првачињата за учебната 2018/19
Во 360 основни училишта во Македонија од денеска почнуваат уписите на ученици во прво одделение. Се очекува во наредната учебна година во училишните клупи да седнат околу 20.000 првачиња.
Уписот на првачиња е за учебната 2018/2019 година, за деца родени во 2012 година. Децата кои до 31.01.2019 година ќе наполнат шест години може да се запишат во прво одделение со претходно барање од родителот/старателот и мислење од училишниот педагог. Уписот трае до 31 мај 2018 година.
Минатата година за учебната 2017/18 биле запишани 20.437 првооделенци, а во Скопје околу 6.200.