Нервозен возач влетал со пиштол во автобус на ЈСП
Полицијата трага по пиштолџија, кој влетал во автобус за да му се заканува на возачот по претходна сообраќајна расправија поради недавање предност, дознава „Нетпрес“.
Според првичните инфомрации, инцидентот се случил околу 14 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќа во правец на Драчево. Тогаш возачот на автомобил „порше каен“ со гостиварски регистарски ознаки го стигнал автобусот и влегол внатре.
Тој го извадил пиштолот и почнал да се расправа со возачот, а шокираните патниците се јавувале во полицијата. За среќа, насилникот не истрелал од оручјето, па по кусо убедување со шоферот се вратил во „поршето“ и заминал. Во меѓувреме полицијата веќе тргнала на местото на инцидентот, и по кусо време го лоцирала насилникот.
Тие почнале потера по „поршето“, а пиштолџијата по некое време го сопрел автомобилот и избегал трчајќи во правец на село батинци. Полицајците гво авомобилот го затекнале совозачот, но и пиштолот за кој се претпотавува дека го нозел избеганиот насилник.
Повеќе детали за инцидентот ќе има во текот на денот.