Партиите се координираат за идниот гувренер на НБРМ
Во Народната банка на Република Македонија веруваат дека изборот на нов гувернер ќе се изврши навреме со почитување на законите. За нов гувернер претседателот на државата Ѓорге Иванов го предлага актуелниот Димитар Богов на кој му истекува мандатот на 21-ви овој месец.
– Веруваме дека именувањето гувернер на Народната банка ќе се реализира навремено, со целосно почитување на одредбите од Законот за Народната банка на Република Македонија, велат од НБРМ за МИА.
Додаваат дека постапката за именување гувернер на Народната банка, како и овластувањата и задачите коишто ги има гувернерот се регулирани/дефинирани во законот.
Претседателот Ѓорге Иванов, предлогот до Собранието го достави во понеделникот. За да биде прифатен предлогот и Богов да биде реизбран за нов гувернер во наредните седум години треба да добие поддршка од најмалку 61 пратеник во Собранието.
Пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ денеска се уште немаа конечен став за предлогот, додека од ДУИ го повторија ставот од понеделникот дека предлогот е избрзан и неконсултиран.
Премиерот Зоран Заев вчера најави дека во врска со предлогот на Иванов ќе се координира со пратеничката група на СДСМ. Според информациите од Собранието, засега нема договорено кога Заев ќе се сретне со пратениците од оваа партија. Од владеачкото мнозинство тврдат дека денеска предлогот на Иванов се уште не стасал до пратениците.
Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека партиските органи деновиве ќе заседаваат и ќе донесат конечна одлука.
Тој лично смета дека Богов одговорно ја извршувал својата задача откако е гувернер на НБРМ.
Артан Груби од ДУИ во понеделникот посочи дека уште еден избрзан и неизконсултиран предлогот на Иванов нов гувернер да биде Богов.
– За жал Иванов ја отежнува кохабитацијата во последните месеци од својата политичка кариера и не дава конструктивен државнички придонес во овие пресудни моменти за нашето општество, посочи Груби.
Фадил Зендели од Беса, исто така, потенцира дека ќе се координираат пред да излезат со конечен став.
Димитар Богов е гувернер на Народната банка на Република Македонија од 2011 година. Од 2007 до 2011 година, тој ја извршувал функцијата на вицегувернер на Народната банка на Република Македонија и бил одговорен за финансиските пазари, управувањето со девизните резерви и платните системи. Тој е член на Управниот одбор на Виенската иницијатива 2