Почесен конзул на Република Македонија во Турција е именуван Есер Џевахир
На денешната, 66-та седница Владата одлучи да се отворат почесни конзулати на Република Македонија во Турција, со седиште во Едрене и во Казахстан, со седиште во Алмати. Во исто време, за почесен конзул на Република Македонија во Турција е именуван Есер Џевахир, додека за почесен конзул на РМ во Казахстан е именуван г-дин Султан Мукшаев.
Есер Џевахир е сопственик на Џевахир Холдинг кој ги гради највисоките згради на балканот во Аеродром и воедно од неодамна се сопственици на Сончевиот град во Сопиште.