Двајца нови портпароли во ВМРО-ДПМНЕ
На синоќешниот извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ е донесена одлука во Центарот за комуникации на партијата да се постават двајца нови портпароли, Новинарот Наум Стоилковски и доскорeшниот потпреседател на подмладокот на УМС Димче Арсовски, потврдуваат од партијата за „Фокус“.
Стоилковски до стапувањето на оваа функција беше новинар, работеше во неделникот и порталот Република, а подоцна и во Телевизија Нова. Арсовски има 26 години и до скоро беше потпретседател на подмладокот на партијата.