Шестмесечниот извештај за работата на специјалното јавно обвинителство е на дневен ред на продолжението на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците закажана за попладнето во законодавниот дом.
Ова е трет обид на пратениците да чујат од специјалната јавна обвинителка што сработело ова обвинителство.
Образложувањето на Извештајот на СЈО пред членовите на Комисијата беше два пати одлагано. СЈО во последниот извештај образложи дека завело 136 предистражни постапки, отворило седум нови истражни постапки, а целосно се одобрени 15 обвиненија. Досега СЈО обработило 515.572 од вкупно 606.555-те аудио-фајлови со кои располага односно 85 отсто од бомбите.