Автобус на ЈСП број 16 кој се движел во правец кон „Зелен пазар“, во еден момент, бил попречен од патничко моторно возило „Порше“ со гостиварски регистарски ознаки. Од возилото излегле две машки лица, од кои едното со пиштол и се обиделе насилно да влезат во автобусот.
По пријавување на настанот, полициски екипи се упатиле на терен при што го забележале возилото од кое возачот го фрлил пиштолот.
По кратко време приведено е едно лице С.З.(38) од село Морани, кое при приведувањето физички ги нападнало полициските службеници, а пронајден е и пиштолот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице.