Штипјанец ја претепал мајката на својата сопруга, откако претходно се заканувал дека ќе го убие нејзиниот брат, информираше МВР.
Станува збор за Б.Ш.(41), против кого е поднесена кривична пријава за насилство.
Според полицијата, Б.Ш. завчера околу 23 часот телефонски му упатил сериозни закани по животот на Ј.Д., брат на неговата сопруга. Осомничениот потоа на улицата Васил Доганџиски во Штип ја пресретнал С.Д., мајка на неговата сопруга. Тој бил подготвен за насилството па со метална шипка почнал да ја удира жената по телото и главата и да ја боде со остар предмет.
Жената била пренесена во Клиничката болница во Штип, а Б.Ш. бил уапсен. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.