Тимот на Олимпик Марсеј е противникот на Атлетико Мадрид во финалето на второто по ранг клупско натпреваруавње на стариот континет-Лига Европа.
Составот од Франција успеа по драматичен натпревар и по продолженија да излезе како победник од пресметката со Салзбург иако мечoт го загуби со 2-1. Имено домаќините во вториот дел постигнаа два гола преку Хаидара и Сар (автогол) и успеа да ја анулираат негативата од првата средба на „Велодром“, па за се реши патникот во следната фаза се играа дополнителни 30 минути.
Во истите повеќе среќа имаа гостите кои преку резервистот Роландо во 116 минута дојдоа до погодок кој ги одведе во финалетот во Лион кое се игра на 16 мај.