Три трикови да спречите подуеност

Современиот начин на живот, поради кој многу често прескокнуваме оброци и наместо готвена храна се одлучуваме за брза, кај многу лица доведува до проблеми со стомакот. Неправилната работа на цревата предизвикува напнатост и болки во стомакот, како и непријатна секојдневна подуеност.

Кога ќе се појави овој проблем, не треба веднаш да земате лекови, доволни се само помошни лековити средства за подобрување на работата на цревата, односно треба да го промените начинот на исхрана и да ја зголемите физичката активност.

Течности

За да не се соочите со проблеми со отежнато празнење на цревата, важно е да пиете што повеќе вода, свежо исцедени сокови, како и бистри пилешки супи, бидејќи на тој начин ќе го олесните празнењето на цревата.

Во текот на денот, се препорачува да внесувате околу два литри течности, а би требало да избегнувате консумирање на алкохолни пијалаци и напитоци кои содржат кофеин, бидејќи тие можат да доведат до дехидратација.

Протеински влакна

Најчест причинител за појава на запек е храната која има малку протеински влакна и високо ниво на маснотии, па поради тоа треба да се води сметка за намирниците кои ги јадете во текот на денот. За добро функционирање на цревата јадете храна богата со влакна, како што е јаболка, праска, брокула, зелка или морков. Избегнувајте мрсна и брза храна и ограничете го внесувањето на храна која не содржи влакна, како сирење, месо сладолед, чипс и слично.

Магнезиум

За празнењето на цревата да биде редовно, неопходно е организмот да има доволно магнезиум. Затоа е важно на вашето мени да се најде храна богата со овој минерал, а таква храна се гравот, семките и интегралните житарици.

Активност

Движењето влијае позитивно на цревата и ја поттикнува нивната работа, па лицата кои имаат проблеми со запек се советуваат слободното време да го поминуваат во прошетки. Вежбањето исто така има ефект при подобрување на функцијата на дигестивниот тракт. Доволно е три пати во неделата да одделите по половина час за некоја физичка активност за да се ослободите од овој проблем.

Треба да знаете
Последни објави