Драма на натпреварот МЗТ-Работнички: Нападнале полицајци и вработен во обезбедување

Две лица од Скопје вчера за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите „МЗТ-Скопје“ и “Работнички“ нападнале вработен на обезбедување и полициски службеници.

Од МВР информираат дека инцидентот се случил на влезот од салата кога Ј.Б. (24) и А.Д. (33), физички го нападнале С.Н., вработен во агенција за обезбедување кој вршел службени дејствија како обезбедување на натпреварот, при што му нанеле телесни повреди.

При интервенција на полициски службеници, биле нападнати и двајца полицајци, по што напаѓачите се приведени во полициска станица.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави