Капитенот на Реал Мадрид вели дека не се плаши од најдобриот фудбалер во Премиер лигата во пресрет на дуелот против Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите.
Реал Мадрид и Ливерпул на 26-ти мај ќе се судрат во Киев во големото финале од Лигата на шампионите, а секако, најголема опасност по голот на Кејлор Навас ќе биде Мохамед Салах кој оваа сезона има постигнато 43 погодоци на сите натпревари. Иако за многумина е несопирлив, Рамос вели дека играл и против други врвни фудбалери и никогаш не се плашел од никого.
„Видовме што може Салах, но тој во финалето ќе биде само еден од 11-те фудбалери на Ливерпул против кои што ќе играме“, изјави Серхио Рамос и додаде:
„Досега во мојата кариера сум играл против најдобрите на светот. Многумина од нив се сметаат за најдобри на сите времиња и јас никогаш не сум се плашел од нив. Имам почит, но не и страв“, изјави Серхио Рамос.