Гори зграда во Аеродром

Гори зграда во Аеродром

Пожар избувна во подрумските простории зграда во повеќекатница на улицата Владимир Комаров во Аеродром, јавува МИА.

На местото веќе се наоѓаат шест противвпожарни возила, а полицијата го блокира пристапот на улицата и запрен е сообраќајот.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот во подрумските простории од каде што излегува чад.

Граѓаните од зградата и од соседните згради се излезени надвор.

Од полицијата соопштуваат дека пожарот бил пријавен околу 14.10 минути и оти се уште не се знаат причините за пожарот.

Треба да знаете
Последни објави