Уште една трагедија вечерва на македонските патишта: Четири лица загинаа на патот Охрид – Ресен
Четири лица загинале во тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случила на патот Ресен-Охрид кај селото Крушје.
Во незгодата учествувале три возила од кои две со битолски и едно со охридски регистарски ознаки.
Патот сѐ уште е затворен за сообраќај, заради увидот кој е во тек, велат од битолската полиција.
Денеска околу 17.30 часот во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево едно лице го загуби животот, а четири се тешко повредени.